Дома Фудбал Стартни постави: Две „тешки артилерии“ на Ол Трафорд

Стартни постави: Две „тешки артилерии“ на Ол Трафорд

Манчестер Јунајтед и Јувентус го играат вечерва дербито на 3-то коло во Лигата на шампионите.

Веќе се познати и стартните постави, а Мурињо се реши да го извади апсолутно истиот тим кој викендов играше против Челзи, па така во нападот ќе игра дуото Марсијал – Лукаку.

Алегри пак се одлучи како партнер во нападот на Роналдо да му биде Дибала, а двајцата ќе добиваат поддршка од Квадрадо.

Официјални состави:

Манчестер Јунајтед: Де Геа, Лајг, Линделоф, Смолинг, Шо, Матиќ, Погба, Мата, Рашфорд, Лукаку, Марсијал.

Јувентус: Шчешни, Кансело, Бонучи, Киелини, Сандро, Матуиди, Бентанкур, Пјаниќ, Квадрадо, Дибала, Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал и Сити го следат Ливраменто: Договорот е клучот за можен трансфер

Њукасл сака да го задржи Тино Ливраменто, но застој во преговорите за продолжување на дого…