Дома Трансфер зона Стариџ спремен да замине, три клуба во игра, но…

Стариџ спремен да замине, три клуба во игра, но…

Aглискиот фудбалер се наоѓа пред пресвртница во својата кариера…

Даниел Стариџ заминува од Ливерпул, трансферот оваа зима и тоа како е реалноста, иако не е исклучена можноста тоа да биде и на лето, тоа би се случило во случај да нема понуди кои ќе ги задоволат апетитите на „црвените“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Стариџ сака да замине, во Ливерпул не добива доволно минутажа, а до Мундијалот има нешто помалку од шест месеци. Значи доколку сака да се најде на списокот на Герет Саутгејт ќе мора да игра. Ливерпул не може да му го обезбеди тоа што тој го бара без разлика што го нема Кутињо, поради тоа заминувањето од „Енфилд“ е реалност.

Пред англискиот фудбалер се три опции од кои една е малку веројатно. Севиља го сака Стариџ на позајмица до крајот на сезоната, но ниту клубот, а ниту фудбалерот не се расположени за таква опција. Поради тоа во игра остануваат само два клуба, а тоа се Интер и Њукасл.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Ливерпул ја контактирал управата на италијанскиот клуб и им го понудил Стариџ. Сепак, единствената надеж на Ливерпул е позајмица без право на откуп, бидејќи пари за повеќе „нероаѕурите“ немаат. Во Ливерпул попрво би го продале или пак би го испратиле на позајмица со обврска за откуп, цената на Стариџ во овој момент изнесува околу 33 милиони евра и тоа веројатно е и премногу.

Кога во прашање е Њукасл, клубот од „Сент Мери“ е во вид на еден хаос, а Рафа Бенитез никако не успева да воспостави баланс.

Поради ваквата ситуација навистина е тешко да се каже што ќе се случи со Даниел Стариџ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гвардиола носи фантастична замена за Родри

Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред,…