Легендата на српскиот фудбал Дејан Станковиќ денес и официјално седна на клупата на Црвена Звезда.
Неговото доаѓање предизвика голема еуфорија кај навивачите на српскиот клуб, пред се поради информацијата од руските медиуми дека Станковиќ може во Црвена Звезда да го донесе Бане Ивановиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Рускиот новинар Јараменко тврди дека Зенит сака да го намали бројот на странци во клубот, па Ивановиќ веќе во јануари би можел да се пресели во Белград.
„На Ивановиќ договорот му истекува за шест месеци и според информациите клубот нема да му понуди нов. Бранислав би можел кариерата да ја заврши во својата татковина, односно во Црвена Звезда“, тврди Јараменко.
Црвена Звезда и Зенит имаат ист спонзор, па тоа би можело да го забрза трансферот да се реализира уште во јануари.