Според последните информации кои пристигнуваат од Англија еден од глобалните гиганти во светот на технологијата, „Гугл“ е во преговори да стане нов спонзор на Тотенхем.
Информациите се дека големата компанија е спремна да плати мултимилионска сума за да ги добие правата на името на стадионот. Нов стадион Тотенхем доби пред три ипол години кога „Вајт Харт Лејн“ замина во историјата, од тогаш името е само „Тетенхем стадион“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неодамна првиот човек на клубот Даниел Леви најави дека би можеле да ги продадат правата на голем бренд за адекватна сума.
„Гугл“ секако е огромна компанија во секоја смисла, па ќе видиме дали клубот наскоро ќе добие ново име на стадионот и финансиска инекција.