Дома Фудбал Италија Срушен е и Лацио среде Рим, чудото од Бергамо ита кон Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

Срушен е и Лацио среде Рим, чудото од Бергамо ита кон Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

Лацио на „Олимпико“ во 35-тото коло од италијанската Серија А ја пречека Аталанта која ги победи со 1:3.

Домаќините одлично започнаа и уште во третата минута стигнаа до водство кога Марко Пароло погоди за 1:0.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Потоа следуваа неколку одлични прилики за Лацио, но гостите стигнаа до изедначување преку Дуван Запата во 22-та минута. Лацио после тој гол на гостите продолжи да напаѓа, но резултатот до полувреме не се менуваше и остана 1:1.

Гостите во второто полувреме стигнаа до пресврт кога во 58-та минута играчот на Лацио Валс направи катастрофална грешка, гостите ја искористија таа грешка и погодија за 2:1.

Во 76-тата минута Џимитси ги реши сите дилеми и постигна гол за конечни 3:1.

Со оваа победа Аталаната и понатаму останува на четвртата позизиција со 62 бода, четири повеќе од Рома која ја чека натпревар против Џенова. Лацио е на осмото место со 55 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…