Дома Останати Кошарка Црвено-белите избегаа санкции и инциденти на дуелот со Мега: Перо Антиќ одвај се воздржа (ВИДЕО)

Црвено-белите избегаа санкции и инциденти на дуелот со Мега: Перо Антиќ одвај се воздржа (ВИДЕО)

Натпреварот од 13. коло во АБА лигата помеѓу Мега и Црвена Звезда ќе остане запаметен по тоа што траеше долго и некои атипични статистички податоци, а лесно можеше да се случи да се запамети и по тепачката помеѓу играчите.

Кон средината на последната четвртина, Гога Битадзе се обиде да го сопре Лесор кој тргна да забие поради што Французинот можеше да доживее сериозна повреда.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во прв момент изгледаше дека се ќе се заврши со извинување на репрезентативецот на Грузија, но играчите почнаа расправија па мораше да интервенира и обезбедувањето.

Судиите долго ја гледаа снимката, на крајот доделија технички грешки на клупите, а исклучување заработи и спортскиот директор на гостите, Небојша Илиќ.

Она што судиите не забележаа е моментот кога помошниот тренер на Мега, Бојан Љубојевиќ влезе во лицето на Перо Антиќ, но затоа гледачите крај малите екрани го приметија тој детал и помислија дека е добро на крајот што нашиот интернационалец не изреагира.

Еве што се случуваше, погледнете во продолжение:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Jокиќ води во трката за МВП: Бројките на српскиот центар се неверојатни!

Никола Јокиќ имаше една од своите најлоши партии оваа сезона во победата на Денвер Нагетс …