Српската фудбалска федерација одлучи да му врачи отказ на селекторот Младен Крстаиќ, потврди претседателот на Федерацијата.
Една од главните причини за отпуштањето на стратегот е дебаклот од 5:0 против Украина во квалификациите за ЕП. По овој пораз, Србите ја победија Литванија со 4:1, но тоа не беше доволно да се спаси поранешниот репрезентативец на „орлите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од Федерацијата потврдија дека името на новиот селектор на Србија ќе биде обелоденето во наредните денови.
Медиумите кај нашиот северен сосед изминативе денови пишуваа дека Љубиша Тумбаковиќ е фаворит за селекторското столче, откако и тој доби отказ од репрезентацијата на Црна Гора.
Крстаиќ заминува од селекција со позитивен скор зад себе – 9 победи, 5 нерешени и 5 порази.