Српската кошаркарска репезентација беше на чекор до победа на американскиот дрим-тим и имаше водство цели 38 минути во полуфиналето на Олимпијадата.
Србија имаше двоцифрена предност во повеќе од половина меч. Водеа и со 17 поени разлика, а на полувреме водеше со 54:43. Истата предност ја имаше и на влезот во последната четвртина.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Никола Јокиќ рано во последниот период направи четири лични грешки, па Американците постигнаа неколку лесни поени и успеаа да се вратат.
На само две минути пред крајот на мечот САД првпат дојдоа во водство, кое знаеја како да го задржат до крајот на мечот.
Богдан Богдановиќ мечот го заврши со 20 поени, Јокиќ уфрли 17, додека Аврамовиќ постигна 15 поени. Србија во мечот за бронзата ќе игра против актуелниот светски шампион, Германија.