Дома Фудбал Србите удрија по Пикси: Во живот не сум видел некој полошо да води натпревар

Србите удрија по Пикси: Во живот не сум видел некој полошо да води натпревар

Српската репрезентација им приреду уште едно разочарување на навивачите откако одигра реми со Камерун.

Србија прво губеше со 1:0, па дојде до 1:3, но дозволи Камерун да се врати во мечот со два брзи гола.

По ова реми на удар на јавноста е селекторот Пикси, а јавни критики до него ги испрати стручниот коментатор и аналитичар на „РТС“ Раде Богдановиќ.

„Ние денеска одигравме натпревар без селектор на клупата. Никогаш досега не сум видел некој полошо да води натпревар на големи натпреварувања како Драган Стојковиќ – Пикси денеска. Ужасно. Вие при резултат од 3-1, кога екипата ви се вратила со пресврт, да пуштите петмина на висок пресинг, десет минути да не знаете кој каде се движи и како е поставен а да играте на Светско првенство. Со излегувањето на Павловиќ се случи потоп. Тие измени кои ги правеше никој никогаш нема да ги разбере што сакал со нив“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона повторно го сака Бергвал, но Јувентус има поконкретен план

Лукас Бергвал има само 144 минути во Премиер лигата сезонава. Барселона повторно го следи,…