Фудбалската репрезентација на Србија се уште има шанси за пласман на Европското првенство.
Избраниците на Љубиша Тумбаковиќ во последните две кола влегуваат со бод помалку од Португалија и ќе чекаат евентуална сензација и губење на бодови на актуелниот шампион на Европа против Литванија и Луксембург.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фудбалскиот сојуз на Србија одлучи да направи се за Литванците да ги мотивираат да направат чудо, па така им спремиле награда за натпреварот против Португалија.
Раководството на ФСС понудило пола милиони евра како мотив за Литванците да ги изненадат Португалците и да им ја отворат вратата за ЕП.
Ако Литванците не успеат, не реално звучи дека Луксембург може да ги спречи Роналдо и друштвото.