Според островските медиуми, на радарот на Арсенал за летото кое следи е и еден Србин.
„Топчиите“ во овој преоден рок ги напутшија тројца напаѓачи, а во клубот пристигнаа Михтаријан и Обамејанг.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, како што пренесува „Мирор“ Венгер има намера да доведе уште еден напаѓач и наводно се заинтересирани за Србинот од редовите на Бенфика, Андрија Живковиќ.
Скаути на Арсенал го следеле натпреварот помеѓу Бенфика и Рио Аве, а на оваа средба Живковиќ имал нешто поинаква улога. Ова не е прв пат „топчиите“ да го следат овој напаѓач. Претходно го „скенираа“ во јуни на ЕП за млади, потоа против Јунајтед во Лигата на шампионите и на крајот на неколку натпревари во првенството на Португалија.
Во овој момент не се наведуваат конкретни суми, а Живковиќ има договор со Бенфика до 2021 година во кој стои и откупна клазула од 60 милиони евра, но се очекува португалскиот клуб да прифати и помала сума со оглед на тоа што Живковиќ не е дел од првиот тим на Бенфика.