Италијанскиот стручњак Антонио Конте најверојатно ќе го напушти Челзи во текот на летото.
Раководството на лондонскиот клуб е незадоволно од овогодинешниот учинок на 48 годишниот стручњак и извесно е дека наредната сезона ќе го гледаме на клупата на друг клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англиските медиуми тврдат дека негова замена на „Стенфорд Бриџ“ би можел да биде српскиот стручњак Славиша Јокановиќ. „Дејли Мејл“ во текот на вчерашниот ден пренесе информација дека Јокановиќ е еден од кандидатите за менаџерската позиција.
Јокановиќ во овој момент го води Фулам. Интересно е што како играч помина две сезони на „Стенфрод Бриџ“ (2000-2002).
Покрај Фулам како играч Јокановиќ го носеше дресот уште на Партизан, Херкулес, Вотфорд и Макаби и без никакви дилеми клупата на Челзи би било негово најголемо достигнување во кариерата.
Сепак, јасно е дека 49 годишниот стручњак е само уште едно низата имиња кои се поврзуваат со Челзи, а кој ќе седне на клупата на Челзи ќе биде познато наредното лето.