Дома Фудбал Италија Навивачите на Јувентус претераа: Испраќаа срамни пораки за ќерката на Симеоне!

Навивачите на Јувентус претераа: Испраќаа срамни пораки за ќерката на Симеоне!

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне се најде на удар на навивачите на Јувентус после натпреварот во осминафиналето од Лигата на шампиони.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Атлетико Мадрид го порази Јувентус со 2-0 во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампиони, а Симеоне дополнително го навлече бесот на „бјанконерите“ поради прославата на првиот гол.

Симеоне при прославата на првиот гол се фати за меѓуножјето, а тоа предизвика бес кај навивачите на „старата дама“, иако аргентинскиот стратег објасни дека тој гест не се однесувал на италијанските навивачи.

Навивачите на Јувентус отидоа предалеку и на фотографијата која ја објави Симеоне заедно со својата новородена ќерка, Валентина поаскуваа новороденчето да не го преживее денот…

Некои фанови испратија жестоки и грозни закани за малото бебе, со што го посрамотија клубот. Поради тоа дел од „нормалните“ фанови на Јувентус направија група на Фејсбук со која му упатија официјално извинување на Симеоне.

 

View this post on Instagram

 

Bienvenida Valentina❤️

A post shared by Diego Pablo Simeone (@simeone) on

Ова не е прв пат навивачите на Јувентус да реагираат на ваков нецивилизиран начин преку социјалните мрежи. Имено, кога Бонучи премина во Милан, дел од фановите испраќаа крајно срамни коментари за неговиот син Лоренцо, кој во тие моменти се бореше со тешка болест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ваква прослава не сте виделе:Фудбалер извади нешто неочекувано и го покажа кон камерата (Видео)

Фудбалерите на Интер од Торонто синоќа на свој терен убедливо го победија Атлетико од Отав…