Дома Фудбал Италија Срамно и скандалозно: Играчот на Лацио навредувал човек во инвалидска количка покрај теренот, без причина!

Срамно и скандалозно: Играчот на Лацио навредувал човек во инвалидска количка покрај теренот, без причина!

Изминатиот викенд фудбалерите на Милан на свој терен го победија Лацио со 1.0 во дербито од 32-то коло во италијанската Серија А.

„Росонерите“ во многу тврд натпревар успеаа да дојдат до победа и тоа со голот во самиот финиш од натпреварот. Одлучувачкиот момент се случи во 79-тата минута кога Франк Кеси постигна гол од пенал за конечни 1:0.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


После овој натпревар се случи еден инцидент во кој учествувал играчот на гостите, Лукас Лиева. Лукас направил голем скандал после последниот судиски свиреж. Него поразот тешко му паднал и влегол во расправија скоро со сите играчи и луѓе од таборот на Милан.

Се започнало кога Леива направил неверојатна глупост и го навредил Уго Алевио, човек од таборот на Милан кој се наоѓал покрај теренот во инвалидска коликчка.

Алевио е член на прес службата на „росонерите“ и покрај теренот го следеше натпреварот на својот тим. Но останал шокиран кога Леива без апсолутно никаква причина кога поминувал покрај него започнал да го навредува.

„Само седи тука и молчи“, му порачал Леива додека одел кон соблекувалната.

Овој момент не поминал незабележано од страна на делегатот на натпреварот кој целата ситуација ја опишал во извештајот од натпреварот. Поради тоа се очекува аргентинскиот играч за врска да добие казна за скандалозниот потег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Јувентус жестоко го навредија Влаховиќ, па тој одговори на Инстаграм

Навивачите на Јувентус не се задоволни од настапите на нивниот напаѓач и српски репрезента…