Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 година доживеа висок пораз од врсниците од Холандија со 5-0.
Избраниците на Драган Канатларовски немаа решение за лидерот во групата и речиси да не се приближија до противничкиот гол, па имаа само 20% посед на топка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Регер го отвори резултатот уште во 2-та минута, Охие 20 минути подоцна зголеми на 2:0, по што следеа два гола на Манхов на стартот на вториот дел. Конечните 5:0 ги постави Регер со својот втор гол на мечот.
Веќе подолго време младата македонска репрезентација игра под сите очекувања, па селекторот Канатларовски мора да преземе одговорност.