На Леванте потребни му се најмалку 10.5 милиони евра до крајот на овој месец со цел да ја задржи финансиската стабилност после испаѓањето во вториот ранг на шпанскиот фудбал.
Токму затоа Барди е на врвот на листата фудбалери кои можат да си заминат и да ја наполнат касата. Сепак, Леванте има проблем со пронаоѓање на купувач кој ќе ги задоволи финансиските барања.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Спортскиот директор на Леванте, Фелипе Минамресо ткри дека неодамна за Барди добиле понуда од американската МЛС лига. Таа понуда веднаш била одбиена од Барди.
„За Енис Барди имавме понуда од МЛС лигата. Но, тој нема да се пресели во САД и понудата веднаш ја одби“, изјави Минамрес.