Дома Македонски спорт Мак фудбал Спировски од 30 метри постигна страшен гол во првиот меч за АЕК Ларнака (ВИДЕО)

Спировски од 30 метри постигна страшен гол во првиот меч за АЕК Ларнака (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Спировски пристигна во АЕК Ларнака пред речиси еден месец, а на неговиот прв меч постигна спектакуларен погодок од 30 метри.

АЕК Ларнака славеше со 2-0 против Докса во пријателски меч, а Спировски со „бомба“ го матираше македонскиот голман Дамјан Шишковски.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонецот го постигна својот гол пред крајот на првото полувреме, па без сомнеж покажа дека ќе биде квалитетно засилување за тимот од Кипар, каде што настапуваат уште Мојсов и Тричковски.

Спировски претходно настапуваше во Пелистер, Борац Чачак, Работнички, Берое, Вардар, Ференцварош, а пред да дојде во АЕК Ларнака го носеше дресот на Хапоел Тел Авив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…