Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Спинацола: Киелини е голем човек, ми кажа да одам прв по медалот

Спинацола: Киелини е голем човек, ми кажа да одам прв по медалот

Италија во неделата ја победи Англија и дојде до титулата на Европското првенство.

Преку целиот турнир Италија играше одлично, а еден од најдобрите играчи на репрезентацијата до моментот кога се повреди против Белгија беше Леонардо Спинацола.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Спинацола против Белгија заработи тешка повреда на Ахиловата тетива и ќе биде надвор од терените најмалку шест-седум месеци.

Фудбалерот на Рома сепак беше со соиграчите на „Вембли“ во финалето. После натпреварот тој се симна теренот и го прими заслужениот медал.

„Капитенот Киелини е голем човем, дојде и ми кажа: Ти оди прв по медалот, го заслужи. Скокав како луд, чувството беше прекрасно“, изјави Спинацола.

Зборуваше и за тешкиот момент на повредата кога во солзи беше изнесен на носилки.

„Во тие моменти си мислев: Зошто баш сега? Зошто јас? Плачев поради она што го губам…Очекувањата се за една недела да ги извадам конците и да започна со лесни тренинзи“, откри бекот на Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …