Дома Фудбал Останато Специјалист за спасување не му дава шанси на Сала: Не веруваме дека има преживеани!

Специјалист за спасување не му дава шанси на Сала: Не веруваме дека има преживеани!

Еден од раководителите на операцијата за барањето на исчезнатиот авион, во кој беше и фудбалерот Емилијано Сала, не верува дека ќе има позитивен исход целата ситуација.

Џон Финџералд работи за компанија која се занимава со спасивање на летала и тврди дека работите воопшто не се добри.

„Авионот едноставно исчезнал. Немало дури ни разговор со радио станицата. Не очекувам да има преживеани. Другите спасувачи веројатно го имаат истото мислење. Но, навистина не знаеме како наеднаш исчезнал“, изјави Финџералд.

Сала се пресели во Кардив Сити пред неколку дена, а вчера се врати во Нант за да се поздрави со бившите соиграчи и повторно се качи на авион за Велс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дани Олмо двапати го одбил Баерн пред да се приклучи на Барселона

Агентот на Дани Олмо откри дека шпанскиот фудбалер двапати го одбил Баерн Минхен пред да с…