ИСИС се закани дека ќе ги убие Роналдо и Меси за време на Мундијалот во Русија. Сепак, тешко дека ќе им успее планот, особено кога станува збор за првата ѕвезда на Португалија.
Роналдо не сакаше ништо да препушти на случајност, па него лично ќе го обезбедуваат двајца специјалци.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Станува збор за познатиот ММА борец Гонсало Салгардо и поранешниот специјалец во португалската војска Нуно Марекос.
Двајцата цело време ќе бидат покрај Кристиано Роналдо додека трае Мундијалот.
„Даваме се од себе да си помогнеме еден на друг“, изјави Нуно за својот однос со Роналдо.
Секако, за време на Мундијалот организаторите ќе имаат и официјално обезбедување за сите репрезентации и фудбалери.