Дома Фудбал Спектакл: Финалето на СП 2026 може да се игра пред 100.000 гледачи

Спектакл: Финалето на СП 2026 може да се игра пред 100.000 гледачи

Oд денес и официјално е познато дека Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во три земји и тоа во САД, Канада и Мексико.

Ова ќе биде за првпат еден Мундијал да се игра во повеќе од две земји, па останува да видиме како сето тоа ќе изгледа.

Од друга страна неофицијално се појавија информација дека финалето на ова Светско првенство ќе се игра на стадионот на Далас Каубојс од НФЛ. Во овој момент стадионот може да прими 80.000 гледачи меѓутоа најавите се дека за потребите на Мундијалот тој ќе се зголеми на 100.000.

Секако дека финале пред 100.000 гледачи би било вистински спектакл, но останува да видиме дали сето ова ќе биде и потврдено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Димитриевски бранеше, Валенсија остана без бод со гол во 96. минута

Валенсија загуби со 1-2 од Виљареал на „Месталја“, иако прва дојде до водство. Столе Димит…