Еурофарм Пелистер и Вардар одиграа фантастично дерби со драматична завршница кое на крајот заврши без победник (27:27).
Атмосферата во салата „Боро Чурлевски“ беше фантастична, па овој натпревар во целост го оправда епитетот најголемо ракометно дерби.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Вардар одлично го отвори натпреварот, стигна до водство кое го одржуваше до крајот на полувремето, па на одморот скопскиот тим имаше предност од 17-13.
Домашниот тим имаше негатива во текот на целата средба, за во последните минути да обезбеди и предност. На крајот видовме драма, Пелистер имаше водство 27:26 и напад, но еден од играчите на Вардар ја пресече топката со што му обезбеди контра напад на Вардар, по кој од седум метри беше реализатор Тимур Дибиров.
Најдобар во таборот на Вардар беше Анте Гаџа кој постигна осум погодоци, додека кај домашните Стипе Мандалиниќ заврши со седум постигнати голови.
Фото: Е.Пелистер