Дома Фудбал Спартак скапо ќе плати за транспарентот „УЕФА мафија“

Спартак скапо ќе плати за транспарентот „УЕФА мафија“

Против фудбалскиот клуб Спартак Москва ќе биде покрената дисциплинска постапка од страна на УЕФА, поради лошата организација на натпреварот со Ливерпул во Лигата на шампионите.

Спартак и Ливерпул синоќа во Москва, одиграа 1:1, а домашните фанови повторно имаа свое шоу. Најпрвин развија транспарент на кој пишуваше „УЕФА мафија“, а потоа фрлаа петарди димни бомби.

УЕФА има забелешки и за непримерното навивање, но и за блокирањето на излезите на трибините.

Рускиот шампион оваа сезона веќе има една казна од УЕФА, бидејќи навивачите во Марибор испукаа ракета кон главниот судија. Поради овој инцидент УЕФА им забрани на навивачите на Спартак да патуваа во Андалузија кога тимот ќе и гостува на Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ ја објави цената: Билетите за Словенија во продажба од 2 ноември

Влезот за последниот групен натпревар на Македонија во Лигата на нации ќе чини 500 денари,…