Иако вечерва се најавуваа нови преговори изгледа дека Лучијано Спалети се помири со фактот дека Лука Модриќ ќе остане член на Реал Мадрид и оваа сезона.
Сагата околу најдобриот играч од последниот Мундијал никако да престане. Медиумите во Италија и понатаму тврдат дека има некакви шанси
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Модриќ во последните три дена од преодниот рок да заврши во Италија и тоа би било навистина вистинско чудо.
Спалети изгледа повеќе не размислува на Модриќ и е задоволен од тоа како клубот го одработи летниот преоден рок.
„Убаво е да се слушне дека играч како Модриќ сака да игра за Интер, но јас очекувам тој да остане во Реал оваа сезона, бидејќи тие не сакаат да останат без таков играч. Ние и со ваков тим ќе бидеме силни, иако со него во тимот секако дека би биле на повисоко ниво“, изјави Спалети.
Да потсетиме, Спалети во текот на вчерашниот ден стави потпис на нов договор кој има важност до 2021 година.