Италијанските и англиските медиуми пренесоа информација дека хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ поднел барање за трансфер, што подоцна го потврди и директорот на Интер, Марота.
За Перишиќ интерес покажува Арсенал и се чини дека Хрватот ќе заврши на Емирати, но прашање е што ќе каже на тоа Интер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Коментар даде и тренерот на Интер, Спалети, кој беше сосема јасен.
„Тоа е едноставно. Играчите можат да кажат што сакаат, но тие тука се работници. Потпишале договори во кои се знае што пишува, а за да замина треба некој да плати за нив. Не можат да заминат туку така, кога и да посакаат.“ – изјави Спалети и додаде:
„Ако Иван Перишиќ сака да замине од клубот, тогаш немаме избор. Додека е тука со нас, а додека сака да замине, нема да игра и ќе биде надвор од теренот.“
Интер вчера беше поразен од Торино со 1:0, а Спалети беше приморен на измена на формацијата токму поради Перишиќ, кој целиот натпревар го помина на клупата за резерви.