Дома Фудбал Со 16 години дебитираше за Барса, а потоа во соблекувалната го доживеа она што не го ни сонувал

Со 16 години дебитираше за Барса, а потоа во соблекувалната го доживеа она што не го ни сонувал

Барселона синоќа на Камп Ноу ја победи екипата на Бетис со 5:2 во второто коло од шпанската Ла Лига.

Каталонците не можеа да сметаат на Меси, Суарез и Дембеле поради повреди и во составот на крајот се најде 16 годишниот крилен напаѓач Ансу Фати.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој тинејџер од Гвинеја е член на јуниорскиот тим на Барса, а се очекува оваа сезона да ја помине во Барселона Б. Но, поради големите проблеми со повредите Фати доби повик од Валверде, кој сите ги изненади.

На крајот тренерот на Барса му даде шанса и стана вториот најмлад дебитант во историјата на овој тим. Ансу Фати оваа ноќ сигурно нема да ја заборави, а посебно откако во соблекувалната го дочека Лео Меси.

Меси го поздрави и му порача дека сега мора да биде паметен и цврсто да остане на нозе, максимално да работи и да напреднува што повеќе. Кога вас Меси ќе ве пречека така во соблекувалната тогаш тоа сигурно е ноќ за паметење.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…