Како што е веќе е познато Јуп Хејнкес по четврти пат пристигнува во Баерн Минхен, но неговото враќање во клубот не ги радува сите фудбалери на германскиот гигант.
Колумбискиот фудбалер, Џејмс Родригез, во клубот пристигна на инсистирање на Карло Анчелоти, а селектор на Колумбија откри дека разговорал со фудбалерот на Баерн Минхен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Разговарав со него и му кажав да се смири, бидејќи тој е во голем клуб, без оглед што остана без тренерот кој инсистираше на негово доведување. Но и покрај тоа Родригез не се чуствува пријатно“, изјави селекторот на Колумбија, Хозе Пекерман.
Од друга страна пак Германецот, Томас Милер, со задоволство ќе го пречека Хејнкес.
„Конечно ќе имаме добри тренинзи повторно. Хејнкес ќе ни даде нов мотив. Не се сомневам дека со него се вратиме на победничките патеки“, изјави Милер.