Дома Фудбал Останато Со Франција освои Светско првенство, а денес заработува со продажба на базени

Со Франција освои Светско првенство, а денес заработува со продажба на базени

Eкс-францускиот репрезентативец и освојувач на светскиот трофеј, Стефан Гиварш денес заработува преку базени за пливање.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Гиварш во својата кариера го носеше дресот на Њукасл, Ренџерс, Оксер, Рен и Генгамп, а откако во 2002 година стави крај не продолжи со работа во фудбалот. Многу фудбалери по завршувањето на кариерата работат како тренери или аналитичари, но Французинот се одлучи за еден поинаков пат.

Заедно со пријател од детството тој започнал компанија која продава базени за пливање.

„Овој бизнис го работам веќе 17 години. Шефот на компанијата е мој пријател, започнавме со водоинсталаџции, потоа се отвори оддел за базени и добив понуда да продавам. Во тоа време не правев ништо, па одлучив да започнеме заедно. Сега 17 години подоцна уште работиме заедно.

Најголем дел од денот сум надвор, работите одат добро, па се враќам навечер. Водам мирен и нормален живот, не ми недостасува камерата и телевизијата“, изјави Гиварш.

Најголемиот успех во кариерата Гиварш го постигна со освојувањето на Светското првенство во 1998 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Иран поставил услови за да допатува во САД: ФИФА е наш домаќин, не господинот Трамп!

Натпреварувањето на Иран на Светското првенство останува неизвесно поради комплицираниот о…