Општествено одговорната компанија Mozzart продолжува со хумнитарните акции преку кои им помага на оние на кои тоа им е најпотребно.
Овојпат Mozzart донесе насмевки, радост и задоволство во ЈУ Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби – Крушево. Собраните средства од кампањата „Повеќе од гол” во висина од 663.000 денари, ќе бидат наменети за подобрување на условите за работа и престој во центарот. Главниот амбасадор и промотер на оваа акција беше нашиот ракометар Филип Талески.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„ Прво, голема благодарност до Mozzart што ме одбра мене за оваа организација, да направиме едно убаво дело. Заедно одбравме да ги донираме собраните средства од кампањата „Повеќе од гол” таму кеде што се најпотребни. Донираме во мојот роден град Крушево, кај дечињата со посебни потреби и за мене тоа претставува огромно задоволство што ја имам оваа можност да помогнам”, изјави Филип Талески.
В.Д Директорката на Центарот за социјална работа во Крушево, Василика Чавкароска не можеше да ја сокрие радоста, благодарноста и задоволството од реализацијата на оваа хуманитарна акција на Mozzart. „Голема благодарност до општествено одговорната компанија Mozzart. Позитивно изненадени бевме кога ни соопштивте дека токму ние сме одбрани да ја добиеме оваа донација. На центарот и на дечињата ќе им биде повеќе од добредојдена, бидејќи со сето ова значително ќе се подобри нивниот престој во центарот, а ќе се олесни и работата на вработените. Навистина немам зборови со кои би можела да ја искажам мојата благодарност до вас како компанија и се надевам дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму. Продолжете како што сте започнале со реализација на вакви активности преку кои директно им помагате на оние на кои им е најпотребна помош”, рече Василика Чавкароска, В.Д Директор на Центар за социјална работа Крушево.
Со донацијата на општествено одговорната компанија Mozzart, Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби – Крушево, ќе добие целосно нов лик. Старите и дотраaни креветчиња ќе бидат заменети со нови, децата ќе добијат нови постелнини, ќебиња, играчки и едукативни материјали. Центарот ќе добие нов тв приемник, лаптоп и се што е потребно за подобро функционирање. Ќе биде поставен клима уред, соодветна справа за вежбање, нови завеси и теписони. Ваквите и слични хуманитарни донации не завршуваат тука. Mozzart и натаму продолжува да помага онаму каде тоа е најпотребно.