Дома Останати Тенис Со поразот од Надал Ѓоковиќ ќе падне на третата позиција на АТП

Со поразот од Надал Ѓоковиќ ќе падне на третата позиција на АТП

Новак Ѓоковиќ беше поразен од Рафаел Надал во четвртфиналето на Ролан Гарос, а после овој пораз српскиот тенисер ќе забележи пад на АТП листата.

Од понеделник Ѓоковиќ не само што ќе го изгуби првото место туку и ќе падне на третата позиција, според пресметките. Со поразот во четвртфиналето Новак одбрани само 360 бодови и со минус од 1640 бодови ќе биде трет за Данил Медведев и Александар Зверев.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кој од нив двајца ќе биде прв зависи од нивните резултати во продолжението на Ролан Гарос. Досега Ѓоковиќ помина 371 недела на врвот на АТП и му недостасува уште седум недели да го сруши рекордот кој во тенисот го држи Штефи Граф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…