Како што пишува денешниот „Билд“ не постои никаква шанса Лука Јовиќ да остане во Ајнтрахт.
Тој веќе го испразнил своето шкафче, се шпекулира дека се збогувал и со луѓето од клубот и дека го чека расплетот. Шпанските медиуми тврдат дека Реал очекува да го промовира Азар, но проблемот е во тоа што двата клуба се во игра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Манчестер Сити и ПСЖ се подготвени да платат повеќе од Реал, за да го доведат Србинот. Англискиот шампион сака со Јовиќ да го замени Жесус и сметаат дека Јовиќ, што и самиот тоа не го крие, одлично би се вклопил во Премиер лигата, но и во тактиката на Пеп.
ПСЖ би се ослободила од Кавани кој се договорил со Атлетико, година дена пред истекување на договорот и парите сака да ги вложи во млад играч, Јовиќ е прв кандидат. Сега треба да се види дали може да го променат мислењето на играчот, Ајнтрахт не го рекол конечното „да“ на Реал, бидејќи сакаат повеќе од 60 милиони евра. Што се однесува на Јовиќ, тој е блиску до Реал, но би можел да земе поголеми пари во Париз или Англија.
Се шпекулираше дека Реал му нуди 10 милиони по сезона, но некои информации покажуваат дека станува збор за бруто сума, што би значело дека таа сума би се преполовила.