Дома Фудбал Англија Со него соработуваше во Нант: Раниери се огласи за исчезнувањето на авионот на Сала

Со него соработуваше во Нант: Раниери се огласи за исчезнувањето на авионот на Сала

Веста за исчезнувањето на авионот во кој беше најскапото засилување на Кардиф, Емилијано Сала денес го потресе фудбалскиот свет.

Сала за викендот го комплетираше трансферот од Нант во Кардиф, а потоа сакаше да се врати во Франција да се поздрави со поранешните соиграчи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потрагата по авионот во кој Сал бил сам со пилотот ќе продолжи утре наутро.

Во јавноста се огласи и сегашниот тренер на Фулам, Клаудио Раниери кој во Нант соработуваше со Аргентинецот.

„Уништен сум од вестите кои ги слушнав, Емилијано е фантастична личност. Тој е голем борец. Фудбалскиот свет е обединет и сите чекаме позитивни вести. Се молам за Емилијано и неговото семејство“, изјави Раниери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…