Дома Македонски спорт Со затварањето на аеродромот македонски спортисти останаа заглавени на аеродромите!

Со затварањето на аеродромот македонски спортисти останаа заглавени на аеродромите!

Поради пандемијата со коронавирусот земјава донесе одлука да ги затвори двата аеродроми во Скопје и Охрид, а тоа придонесе голем број наши граѓани да останат заглавени на европските аеродроми, помеѓу нив има и спортисти.

Македонските боксери Јасин Љама и Гоце Јанески минатиот викенд настапија на квалификацискиот турнир за пласман на ЛОИ во Токио. Двајцата се качиле во авионот, меѓутоа биле симнати откако им било соопштено дека летото се одложува. Имале обид преку Инстанбул  да дојдат во Скопје, но ниту тој бил неуспешн.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сите држави во регионот ги затворија границите и пропуштаат само нивни државјани, па сега не е познато како и кога Љама и Јанески ќе се вратат дома.

Во слична ситуација се најдоа и ракометарките Стефанија Мишевски и Андреа Белеска кои го носат дресот на шведски Боден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…