Дома Фудбал Останато Со еден потег го седна тревникот: 16 годишниот Фати понижи играч од првиот тим на Барселона (ВИДЕО)

Со еден потег го седна тревникот: 16 годишниот Фати понижи играч од првиот тим на Барселона (ВИДЕО)

Барселона вчера на свој терен го совлада Бетис со 5:2.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Каталонците за овој натпревар имаа големи проблеми со повредените играчи затоа што Меси, Суарез и Дембеле не беа во конкуренција за настап.

Ернесто Валверде поради тоа во тимот го смести 16 годишниот Анса Фати, тој во игра влезе во 78-та минута и така стана вториот најмлад играч кој заиграл за каталонскиот тим.

Производот на „Ла Масија“ веќе денес тренираше со првиот тим на Барселона и одново покажа дека се работи за голем талент.

Имено, Фати одеше кон голот и пред него застана Иван Ракитиќ. Тогаш Фати со еден одличен потег го исфрли Хрватот кој заврши на тревникот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На повидок е рекорд: Фернандеш во новата победа на Јунајтед пристигна на чекор до историја

Португалскиот офанзивец веќе забележа 20 асистенции во Премиер лигата, а неговиот тим слав…