Дома Останати Кошарка НБА Со голем пресврт Бостон стигна до водство во НБА финалето

Со голем пресврт Бостон стигна до водство во НБА финалето

Бостон Селтикси по малку изненадувачки славеа на гости кај Голден Стејт Вориорс во првиот меч од финалната серија во НБА лигата.

Голден Стејт подобро го отвори натпреварот и првата четвртина ја доби со 32:28, за до полувремето Селтикси да го свртат резулттот и да поведат со 56:54. Во втората половина од третат четвртина, Вориорси направија разлика и заминуваат на +15, а на крајот од четвртинат беше +12, односно 92:82. Изгледаше дека тие ќе поведат со 1:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа како што се наближуваше крајот на мечот работите се менуваа, па Бостон Селтикси направија пресврт и славеа убедливо.

Ветеранот Ал Хорфорд го режираше пресвртот во последната четвртина со Дерик Вајт. Првиот уфрли 26, а другиот 21 поен. Голем допринос даде и Џејлен Браун со 24 поени, додека Џејсон Татум уфрли скромни 12 поени, но имаше 13 асистенции.

На другата страна Стеф Кари постигна 34 поени, Ендрју Вигинс 20, Клеј Томпсон 15 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…