Дома Фудбал Со Бразил го освои светскиот трон, а сега ќе работи во второлигаш

Со Бразил го освои светскиот трон, а сега ќе работи во второлигаш

Искусниот бразилски стратег Луис Фелипе Сколари е именуван за нов тренер на бразилскиот второлигаш Крузеиро.

Поранешниот селектор на бразилската и португалската репрезентација со Крузеиро потпиша договор на две години.

Неговата задача ќе биде пред се да го задржи Крузеиро во втората лига, а потоа да го врати во друштвото на најдобрите бразилски клубови. Сколари веќе го водеше овој клуб во сезоната 2000/2001.

Пред овој ангажман последниот на Сколари му беше во 2019 година во тимот на Палмеирас.

Ќе потсетиме Сколари со Бразил во 2002 го освои Светското првенство, а Португалија ја предводеше до сребрен медал на Европското првенство во 2004 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал го следи Тресолди: Бриж бара околу 50 милиони евра

Николо Тресолди постигна 12 гола на 14 натпревари, а покрај Арсенал го следат уште три анг…