„Росонерите“ не сакаат ништо да ризикуваат и спремат нов договор за фудбалерот на кој му се предвидува блексава кариера.
Дефанзивецот, Алесио Ромањоли наскоро би можел да добие нов договор на „Сан Сиро“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ромањоли доаѓа од школата на Рома, во Милан е веќе две години но дури оваа сезона започна да игра како што се очекува. Италијанскиот клуб во еден момент беше спремен да се откаже од неговите услуги, но сега ситуацијата е променета.
Како што пишува „СпортМедијасет“ спортскиот директор на Милан, Масимо Мирабели веќе тргнал во акција. Тој закажал состанок со агентот на 23 годишниот фудбалер, Серџо Берти и сака да му понуди продолжување на соработката и нов подобрен договор.
Новиот договор би имал важност до 2023 година со годишна плата од четири милиони евра. Со оглед на тоа што Ромањоли во овој момент заработува два милиони евра, ова би било двојно зголемување на примањата на дефанзивецот.