Јувентус вчера во самиот финиш на мечот успеа да направи пресврт против Киево и победи со 3:2 на стартот на сезоната.
Меѓутоа, мечот во Верона го одбележа повредата на домашниот голман Сорентино, кој остана без свест после судирот со Роналдо, па поради повреда на главата мораше да го напушти теренот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сорентино веднаш беше префрлен во болница каде му беше констатирана скршеница на носот, а веќе денес голманот се огласи преку социјалните мрежи.
„Им благодарам на сите кои испратија пораки со поддршка, тоа навистина ми значи. Ние сме одлична екипа и тоа го покажавме вчера против фаворитот. Бевме блиску, а потоа Роналдо ме прегази“, напиша Сорентино.
GRAZIE per i vostri messaggi di vicinanza, affetto e stima. Siamo un gruppo fantastico e ieri abbiamo sfiorato l’impresa: mentre CR7 mi ha preso in pieno! ?????? #ChievoJuve pic.twitter.com/gVZ9uU6YL5
— Stefano Sorrentino (@Sorrentino) August 19, 2018