После најлошата сезона во последните 20 години, сопственикот на Олимпијакос Евангелос Марианкис ги изгуби нервите и најави целосен ремонт на тимот за наредната година.
Олимпијакос остана без титулата во грчкото првенство кој му ја препушти на АЕК, а не го освои ниту купот. За сезоната без трофеј да биде уште полоша, клубот од Пиреја после катастрофата после Гианина (0:3) заврши на третата позиција и нема да игра во квалификациите за Лигата на шампионите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Евангелос Марианакис навикна на трофеи и настап во Лигата на шампионите, а тоа му носеше и голема заработка, сега ќе биде приморан да го гледа Олимпијакос во квалификациите за Лига Европа.
Секако, ќе повлече и некои радикални потези, а грчката „Газета“ ги пренесува зборовите со кои тој им се обратил на фудбалерите и стручниот штаб.
„Не ми паѓа на памет да ве задржам во клубот. Не заслужувате да го носите дресот на Олимпијакос. Место да ви посакам среќен и убав одмор, можам да ви порачам само да се губите! Тоа се однесува на сите – и на играчите и на тренерите. Не заслужувате ниту тоалетна хартија. Меѓутоа, јас сум виновен ви дадов големи плати и сега ми е жал поради тоа“, биле зборовите со кои Мариниакис им се обратил.