Дома Фудбал Англија Сопственикот на Дерби не го пушта Лампард во Челси

Сопственикот на Дерби не го пушта Лампард во Челси

Екипата на Челси моментално е без тренер откако досегашниот шеф на стручниот штаб Маурицио Сари потпиша договот со Јувентус и од наредната сезона ќе го предводи италијанскиот шампион.

Затоа, во англиските медиуми се повеќе се пишува околу новиот тренер на тимот од Стемфорд Бриџ, а многумина сметаат дека тоа ќе биде легендарниот фудбалер на клубот Френк Лампард.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Популарниот Френки е најголем фаворит и во обложувалниците, а покрај него се споменуваат уште и Рафа Бенитез и Жозе Мурињо.

Сепак, се чини дека нема да биде толку лесна за челниците на Челси со оглед на тоа што сопственикот на Дерби, Мел Морис нема намера да го пушти својот тренер. Тој тоа го потврди во изјава за Скај Спорт.

„Нема никакви најави дека Лампард ќе замине, освен фактот што Челси моментално нема тренер. Ние дадовме до знаење, а посебно на Френк, дека го сакаме на долг период во клубот. Ако Челси го сака Френк, тогаш мора да испрати понуда за тоа. Во меѓувреме, ние продолжуваме да ги градиме плановите за наредната сезона заедно со Лампард.“ – изајви Морис.

Инаку, Лампард во премиерната сезона со Дерби стигна до плеј-офот за влез во ПЛ, но во финалниот натпревар беше поразен од Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиска…