Дома Фудбал Сопругата на Тиаго Силва побара отказ за Покетино. Еве како одговори тренерот

Сопругата на Тиаго Силва побара отказ за Покетино. Еве како одговори тренерот

Изабела Силва, сопругата на искусниот бразилски стопер Тиаго Силва, преку социјалните мрежи побара отказ за тренерот на Челзи, Маурисио Покетино.

Челзи е на 11. место во англиската Премиер лига, а загуби во последните два натпревари.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Тренерот на Челзи, Покетино, им кажа на новинарите каква била неговата средба со Силва, по прозивките од сопругата на Бразилецот.

“Тој дојде да разговара со мене. Нема да кажам за што разговаравме. Најважно е што сакаше да разговара со мене. Ме познава повеќе од 10 години. Тоа беше приватен разговор”.

„Потребно е време кога нешто се гради од нула. Одиме напред, но понекогаш мораме да направиме чекор назад бидејќи се појавуваат проблеми. Погледнете ги Манчестер Сити и Ливерпул. Времето е суштинско кога имате лидери како Клоп и Гвардиола. Јас секогаш сум бил искрен и ја кажувам вистината. Вистината е дека многу наши играчи се повредени или не можат да го одиграат целиот натпревар.

Кога играте фудбал, треба да бидете фокусирани на него и да го ослободите умот од други мисли. Не е ваша работа што се случува на берзата во Токио или Њујорк или климатските промени што ги спречуваат земјоделците да одгледуваат жито. Затоа косата не ми паѓа. Затоа што не се грижам за работи на кои не влијаам, туку само за фудбалот“, изјави Покетино на новинарите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Битката за Манчестер: „Граѓаните“ во криза, ѓаволите никако да се разбудат

Денес во фокусот ќе биде големото дерби помеѓу градските ривали од Манчестер. „Граѓаните“ …