Дома Фудбал Останато Сопругата на Рејес објави фотографија од последната порака која и ја испратил (ФОТО)

Сопругата на Рејес објави фотографија од последната порака која и ја испратил (ФОТО)

На 1-ви јуни се случи голема трагедија, во собраќајна несреќа животот го загуби шпанскиот фудбалер Хозе Антонио Рејес.

Рејес беше на залезот на својата играчка кариера и настапуваше за шпанскиот нисколигаше Екстрамадура. Пред несреќата Рејес бил на тренинг на својот клуб, а кога дознал дека не е во конкуренција за настап за следниот натпревар одлучил да се врати дома.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тој ден Рејес возел 237 километри на час со Мерцедес С550.

Во својата кариера 35 годишниот Рејес го носеше дресот на Севиља, Арсенал, Реал Мадрид и Атлетико.

Неговата сопруга Ноела Лопез сигурно нема никогаш да го заборави, а денес објави фотографија од пораката која ја и ја испратил Рејес.

„Добро утро мама, те сакам“, пишува во праката која Рејес ја испратил во 07:43 часот наутро на „ВатсАп“, а почина во 11:40.

Исто така може да се забележи дека Рејес непосредно пред трагичниот момент и испратил две звучни пораки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…