Изгледа дека само прашање на време е кога Анхел Ди Марија ќе биде промовиран како ново засилување на Јувентус.
„Разговараме за последните детали и чекаме Јувентус да прифати некои работи“, изјавил еден од агентите на Аргентинецот „Ла Стампа“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најавите се дека Ди Марија ќе стави потпис на едногодишен договор и ќе има плата од седум милиони евра по сезона. Тие последни работи наводно се бонусите кои Аргентинецот треба да ги добие.
Интересно е што меѓувреме сопругата на Анхел Ди Марија во меѓувреме започна да го следи Јувентус на социјалните мрежи.