Според пишувањето на шпанска Марка, во соблекувалната на Барселона се одвива драма, а една од главните протагонистки е Сара Арфауи, сопругата на ѕвездата на каталонците, Илкај Гундоган.
Во написот со наслов „Сопругата на Гундоган ја разгорува контроверзноста во соблекувалната на Барселона: Војна на вкрстени пораки“, „Марка“ го опишува тоа како што се случува во контекст на елиминацијата на Барселона од Лигата на шампионите од страна на ПСЖ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По натпреварот Гундоган беше многу разочаран и индиректно го прозва својот соиграч Роналд Араухо, кој доби црвен картон при резултат 1:0 за Барселона (вкупно 3:1), по што се тргна во погрешна насока за Шпанците.
„Многу сум разочаран од тоа колку лесно им дозволивме да ни направат пресврт. Во таква ситуација морате добро да размислите, подобро е дури играчот и да постигне гол отколку да останете со играч помалку“, изјави Гундоган.
Ваквата порака не му се допадна на Араухо, а во негова одбрана скокнаа францускиот дефанзивец Жил Кунде и Серхи Роберто кои на социјалните мрежи порачаа дека „секогаш победуваат и губат како тим“, а шпанските медиуми пишуваат дека тоа е јасна порака до Гундоган.
По тие пораки сопругата на германскиот фудбалер одлучи да возврати
. “Овој човек работи напорно. Секој ден размислува како да биде подобар и секогаш дава сè за тимот. Неговиот менталитет е менталитет на освојувач на тројна круна”, објави манекенката потсетувајќи на минатата сезона во која Сити беше исклуително успешен.