Дома Топ вести Сон си заминува од Тотенхем – Трите ГОЛЕМИ англиски клуба заинтересирани за него

Сон си заминува од Тотенхем – Трите ГОЛЕМИ англиски клуба заинтересирани за него

Корејската ѕвезда, Хјон-Мин Сон би можел да го напушти Тотенхем.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите кои пристигнуваат од Англија, 25-годишниот играч одлучил да ги напушти Спарсите со кого има договор до 2020. година. Побарал трансфер и изгледа дека лондонскиот клуб ќе му го дозволи тоа.

Веќе три клуба покажаа интерес за доведување на одличниот фудбалер. За него се заинтересирани Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Арсенал, а се претпоставува дека Сон би можел да заврши во редовите на „Црвените ѓаволи“.

Менаџерот на тимот од „Олд Трафорд“ побара трансфер на уште еден офанзивец. Тоа најверојатно ќе биде Сон кој по три години ќе ги напушти Спарсите. Сон во 2015. година пристигна во Тотенхем од Баер Леверкузен, а во 140 одиграни натпревари постигна 47 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…