Дома Фудбал Сон верен на Тотенхем, наскоро става потпис

Сон верен на Тотенхем, наскоро става потпис

Раководството на Тотенхем е во напредни преговори со Хјонг-Мин Сон за продолжување на соработката.

Јужнокорејскиот напаѓач игра одлично веќе подолго време, а оваа сезона беше еден од најдобрите во Премиер лигата.

Сон е еден од најдобрите поединци во тимот на „спарси“, па клубот сака да го награди со нов договор, но и да се заштити од нападите на заинтересираните клубови.

Сон во моментов заработува 150 000 фунти неделно, а според новиот договор ќе добива 230.000 фунти.

Двете страни се блиску до договор и наскоро се очекува играчот да стави потпис пред да биде назначен новиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем врза три победи, Палас потона по црвениот картон на Матета

Тотенхем со 2-0 го совлада Кристал Палас и се искачи на осмото место, додека гостите влего…