Дома Трансфер зона Солскјер спреми „стотка“ за Санчо, Дортмунд веќе најде замена

Солскјер спреми „стотка“ за Санчо, Дортмунд веќе најде замена

Манчестер Јунајтед е спремен да го сруши клупскиот трансфер рекорд за еден од најголемите таленти на англискиот фудбал – Џејсон Санчо, тврдат медиумите на Островот.

Манчестер Јунајтед лошо ја отвори сезоната, па сигурно ќе има големи промени во тимот во јануари, а Солскјер сака да биде засилен нападот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мирор“ тврди дека најголема желба на „црвените ѓаволи“ е Џејдон Санчо и клубот е спремен да ја плати сумата која за неговиот потпис ја бара Борусија Дортмунд.

19-годишниот талент игра фантастично во Бундеслигата, а „милионерите“ за неговата слобода бараат најмалку 100 милиони фунти, сума која наводно Јунајтед е спремен да ја плати во јануари.

Со оглед на таа ситуација, „милионерите“ одлучија да пронајдат замена за талентираниот репрезентативец на Англија. Имено, Борусија Дортмунд одлучила да испрати понуда за двајца играчи, станува збор за Дилросан кој настапува за Херта и Торес кој настапува за Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…