Дома Фудбал Солскјер спрема 150 милиони евра за ѕвездите од Бундеслигата

Солскјер спрема 150 милиони евра за ѕвездите од Бундеслигата

Оле Гунар Солскјер веќе започна да работи на засилувањата за следната сезона, така барем тврдат англиските медиуми.

Сепак, мора да почека да се одигра сезоната која е прекината, до крајот, па тогаш да почне да потпишува засилувања.

Солскјер наводно има само две желби, а станува збор за двајца играчи од Бундеслигата, односно Џејдон Санчо и Хаверц.

Ако успее да ги донесе и двајцата тоа скапо ќе го чини Манчестер Јунајтед. Трансфер вредноста на Хаверц се проценува на околу 50 милиони евра.

Од друга страна, Џејдон Санчо би требало да биде многу поскап, а неговата вредност се проценува на околу 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тага во хрватскиот фудбал: Почина 23-годишниот Ковачевиќ, ден претходно беше на терен

Ариан Ковачевиќ настапи во победата на Раднички од 4:0 против Белје, а следниот ден клубот…