Дома Трансфер зона Солскјер спрема две трансфер „бомби“ од 160 милиони

Солскјер спрема две трансфер „бомби“ од 160 милиони

Манчестер Јунајтед е на прагот да реализира уште два големи трансфери во овој преоден рок.

Според пишувањата на „Индепендент“ на „Олд Трафорд“ треба да пристигнат Хари Мегваер и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, за кои „црвените ѓаволи“ ќе платат околу 160 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Клубот од Олд Трафорд не успеа да ја намали цената за Мегваер и со тоа ќе стане најспаиот дефанзивец во историјата. Ќе биде платен 90 милиони евра, од кои 10 милиони се во бонуси.

Се очекува наскоро да биде потврден овој трансфер за што поскоро овој одличен дефанзивец да биде на располагање на Солскјер.

Средниот ред ќе го засили Милинковиќ – Савиќ, за кого медиумите пишуваат дека Јунајтед веќе има договор со Лацио. „Црвените ѓаволи“ за неговиот потпис ќе платат 75 милиони евра, плус 5 милиони како бонуси.

Англискиот клуб до сега потроши 67 милиони евра за Ван Бисака и Даниел Џејмс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…