Вчера Оле Гунар Солскјер после лошите резултати и официјално доби отказ од Манчестер Јунајтед каде што помина три години.
Солскјер не успеа да оствари големи успеси, но и дојде фво еден специфичен момент. Во текот на летото клубот вложи во нови играчи, но резултати немаше, па отказот беше и очекуван. Според дел од фановите требало да се случи и порано.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По отказот Норвежанецот даде и интервју за клупската страница.
„Сите добро знаеме што за мене значи Манчестер Јунајтед. Сакав да се бориме за трофеи и дадов се од себе. За мене овој клуб е се во мојот живот, „Олд Трафорд“ е мојот дом. За жал не го постигнавме тоа што го посакувавме. Поради тоа дојде и време да се разделиме“, изјави Солскјер.
United. Always.
— Manchester United (@ManUtd) November 21, 2021
🔴⚪⚫#MUFC pic.twitter.com/H57iPf0KuZ